Илинденско послание (29.07.2020)
Целокупната дејност на старозаветните пророци е насочена кон доаѓањето на Богочовекот Исус Христос – ветениот Месија, Ослободителот од гревот и од смртта. Човекот е вистински слободен само кога живее во заедница со Бога. Живеејќи во таа слобода, тој несебично им дарува љубов на ближните, секогаш подготвен да се жртвува за нив. А кога човекот е надвор од заедницата со Бога, тогаш почнува да им служи и да им се поклонува на разни идоли и на лажни богови. Доколку на некого или на нешто ја полагаме нашата надеж и од таму очекуваме спасение, тогаш стануваме заробеници на овоземното, заборавајќи дека единствено Господ