Црквата, созданието и историјата
Црквата е квасец кој го заквасува и преобразува тестото на светот, таа светот го прави онаков каков што тој навистина е: Божјо создание и историја на спасението. Таа е „столб и тврдина на вистината.” Со присуството на Црквата, светот се заветува и се осветува постоењето на светот кој личи на молитва скаменета од човечките гревови, но и ослободен од благословите, посредувањето и благодарењето на Црквата. Црквата навистина претставува суд за светот, »суд на судот«. Таа му суди на »овој свет« кој се самоидолатризира и самоуништува; не му суди како земските судии, туку со тагата на исповедниците и со крвта на мачениците…