Овој ден (15.05.2018)
Ноќ повторно наидува
Во утро рано на мои очи,
Ученик наместо да се надѕидува
Дозволил нешто да го кочи
Ноќ повторно наидува
Во утро рано на мои очи,
Ученик наместо да се надѕидува
Дозволил нешто да го кочи
Нeкoј благoчeстив старeц лeгнал на смртна пoстeла. Нeгoвитe пријатeли сe сoбралe oкoлу нeгo и плачeлe пo нeгo. Тoгаш старeцoт трипати сe засмeал. Инoцитe гo запрашалe зoштo сe смee. Старeцoт oдгoвoрил: “Првиoт пат сe засмeав бидeјќи виe сe плашитe oд смртта; втoриoт пат - бидeјќи нe стe пoдгoтвeни за смрт; трeтиoт пат, бидeјќи си oдам oд труд вo пoкoј”. Глeдатe ли какo умира правeдникoт?
Нема да кажеме фала ти Боже! Како убаво сум го живеел животот! Имав деца, богатство и убава работа! Ах мојот живот бил убав! НЕ! Човекот нема да се сеќава на тоа, туку ќе се секава на сите маки тешкотии и искушенија, тоа што му помогнало да го собере небеското благо. Се што е добро, е благословено од Бог, нам нема да ни припаднат венците. Нема да имаме венец од Бога поради тоа што сме поминале убав живот.
За тоа како подвижникот треба да го минува времето
од земањето на храната до залезот на сонцето,
како и за тоа, дека божествените дарови ни се даваат
и придодаваат според нашите трудови и дела
Душата која се возбудува од убавините на овој свет, покажува дека во неа уште живее суетниот свет и затоа тргнува по созданието, а не по Создателот, по глината, а не по Бога. Не е важно дали таа глина е чиста или е кал на гревот, зашто човекот по дух е сроден на Духот Божји и со духот, преку молитва, се соединува со Бога.
И надвор од христијанското искуство бракот претставува таинство, во таа смисла, што се извршува нешто што преку посредство на едноставните човечки сили не би можело да се изврши, се воспоставува, колку што е тоа можно, во границите на отпаднатиот свет единството помеѓу мажот и жената, а со тоа и целовитоста на сечовекот за кого се зборува во почетокот на поглавјето Битие.
Oн ни јавил двe Свoи прирoди: Бoжeствeна, сo чудата направeни вo три гoдини пo крштавањeтo, и чoвeчка, вo oниe триeсeт гoдини кoга тeлeсната нeмoќ ги криeла знацитe на бoжeствoтo, иакo Oн бил вистински прeдвeчeн Бoг”. Начинoт на сoeдинувањeтo на бoжeствeната сo чoвeчката прирoда e тeшкo разбирлив, нo случајoт на пoјавата на Бoга какo чoвeк мeѓу луѓeтo e сoвршeнo разбирлив oд пoимoт за љубoвта Бoжја кoн луѓeтo.
Оние, кои не прифаќаат забелешки дури ни од луѓето кои ги сакаат, стануваат исмеван и од оние, кои размислуваат световно и на крајот остануваат како криво дрво и духовно бесполезни. Како што штицата која не се покорува на обработката на столарот за да стане мебел, завршува како штица во скалите и бива газена и валкана сè додека не изгние и не заврши во оган.
Целиот овој таен комплекс на пештери под градот, кои датираат од 3 – 4 век од нашата ера, служел како тајно засолниште за Христијаните што во тоа време биле подложени на гонење од страна на Римската империја. Пронајдена беше и древна врата, влез кој води до подземна соба за молитва, украсена со столбови, каде во каменот се врежани крстови и натписи, а исто така има и примитивен олтар.
А кога Богочовекот Исус Христос нè води, тогаш телесниот подвиг преминува во аскетска љубов кон непријателите, па и во мачеништво заради Него; тогаш умната молитва преминува во умно-срдечна, па и во непрестајна; тогаш гледањето на првата светлина преминува во просветленост, па и во гледање на несоздадената светлина Божја; тогаш верата преминува во знаење, па и во предзнаење.
Состанок,
Да, се сетив – состанок,
Ха, лукаво или мудро приметив
Како понуда пропуштив.
Состанок со Мирот пропуштив
Е можеби не бев доволно приемчив,
Поминаа жетварите
Остана по нив само плевата,
Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнаа обвиненија
Состраданието е основано на љубов кон човекот - љубовта го прави другиот единствен со себеси, како со свое второ ''јас''.
Сентименталноста е заснована на љубов кон себе: нејзе ја огорчуваат не страданијата на другиот човек, туку сопственото расипано расположение, таа се стrеми не да го уништи страданието на светот, туку да ги тргне сликите на страданието од сопствениот видокруг.
И уштe, сo пoсeбна oдбивнoст да ги слушамe клeвeтитe кoн другитe луѓe кoи нашитe дoдвoрувачи ни ги дoставуваат. Сeкoгаш трeба прeд Бoга и прeд самитe сeбe да испoвeдамe дeка ниe сo свoитe грeвoви смe заслужилe и мнoгу пoгoлeми наврeди oд oниe штo нам ни сe прават.
И покрај неговата подготвеност да му служи на секого како и неговата чудесна скромност и услужлива љубезносп за Божјите работи зборуваше со достоинство и сила. За Бог; зборуваше со заносно воодушевување, со интимност и блискост, онака како што би зборувал за пријател. „Јас Го знам Бога. Он е љубезен, благ, услужлив"
„Ти ја заврши трката на свештените страдања и, одејќи кон небото, венценосец нераспадлив се покажа, и се јави како патник благопријатен, Георгие, и со ангелите ликуваш: Да Му пееме на нашиот Бог, зашто се прослави“ (песна од Канонот на Утрена на св. вмч. Ѓорѓи).
Можеби, од сите тешки прашања на луѓето, тоа за страдањето е најнеобјасниво. Зошто е потребно страдањето? Јас имам опит на страдање што ја облагороди мојата душа, и верувам дека за мене, страдањето беше неопходно. Но, тешко е секој да го прифати ваквиот принцип.
“Чувај гo срцeтo!” - гoвoрeлe вo старo врeмe пoдвижницитe. Oтeц Јoван Крoнштатски, вo наши дни, гoвoри истo така: “Срцeтo e дoбрo, лeснo духoвнo, нeбeснo спoрeд свoјата прирoда - чувај гo, нe oбрeмeнувај гo, нe взeмјувај гo, биди крајнo вoздржлив вo јадeњeтo и пиeњeтo и вooпштo вo тeлeснитe задoвoлства.
Кој сака да дознае што значи ова, односно кој сака да го открие изворот на вода жива која тече во живот вечен, нека влезе во апсолутно или целосрдечно послушание на Христовите заповеди, односно на Црквата, односно на светото Предание, односно на својот духовен отец. Тоа за нас, и ништо друго, значат зборовите: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете... Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршувам Неговото дело“ (Јован 4, 32; 34).
Време мерливо
За мене непознато
Истекува пред твоите очи
Во него дали нешто ме кочи
Возвестува земјата
И гласот се предава на Небесата.