Архимандрит Андреј Конанос - Меланхолијата (ΙV дел)
„Гледам напред и гледам поле полно со можности, ги гледам идните години, даровите што доаѓаат во твојот живот. Те гледам во светлина, дете мое. Гледам благодат, помош, луѓе, можности. А ти денес си во очајание. Да, но Јас, Кој Сум Христос, гледам напред, и го гледам не само тоа денес, туку и тоа што доаѓа утре. Сакаш ли да влезеш во Моите очи и ум, и да го правиш тоа што Јас го правам?