Грузискиот Патријарх Илија стана кум на 800 деца
Католикос Патријархот на цела Грузија ги крштева третите и секое следно дете во семејствата на родители кои се венчале во Црква. Цел на оваа иницијатива е подобрување на демографската состојба на земјата. Првата масовна крштевка на младенци во Грузија се случи на 19 јануари 2008 година, исто така во соборниот храм посветен на Света Троица. До ден денес Илија II е кум на повеќе од 30 илјади деца.