Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
Икона на Пресвета Богородица "Геронтиса" - за разрешување во сите сфери
Чудотворниот лик на Божјата Мајка «Герондиса» се наоѓа во манастирот «Пантократор» на Света Гора. Именувањето на иконата во превод од грчки е «Старица» или «Игуманија». На оваа икона Пресветата Богородица е претставена во цел раст, во молитвена поза.