Ава Јустин Ќелиски: Почитување на иконите
Покрај чесниот и живототворниот Крст, ние побожно ги почитуваме и светите икони, најнапред пречесната икона на Христос Богочовекот, а потоа и иконите на Пресвета Богородица и Светите Апостоли и Угодници Божји.Зашто, по зборовите на Светите Отци, почитувањето коешто се укажува на иконата се однесува на нејзиниот Прволик, на лицето на самиот Богочовек Христос, по чијшто лик е и создаден секој човек (ср. Кол, 3,10).