Краток животопис на блажениот Јован Синајски – Лествичник
Ја избра арената на неговите пустински подвизи на оддалеченост од осум километри од соборниот манастирски храм, во местото наречено Тола, и таму проживеа цели четириесет години, без мрзливост и нетрудољубивост, секогаш разгорен од горешта љубов (еротас) и од пламенот на божествената љубов (агапи). Но, кој е способен да ги опише и да ги пофали со зборови усилијата кои ги вложи во ова место преподобниот?