СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)
Од Адама наваму, во секое време и на секое место на земјава, имало и ќе има т.н. „Каинови потомци". Тоа се оние, што им завидуваат на подобрите од нив. Исполнети со завист, не можат да ги поднесат тие, кои се определиле да служат на се што е добро и возвишено. Затоа според нив, таквите да ги нема или да се подалеку од нив, па тогаш самите ќе се спокојни и среќни.