С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Отец Прокло Карпатски пустиножител
Кога стапив во манастир, отец Клеопа беше сменет од послушанието овчар, и беше поставен за игумен на манастирот. Додека ги пасеше овците, отец Клеопа не губеше време, многу читаше светоотечка литература. Постоеше еден свет човек Јован – Јаков од Њамц, кој аскетски се подвизуваше во Хозевата пустина во близина на Ерусалим, каде што и почина, и кој бараше добри книги за отец Клеопа.