Старец Тадеј (Витовнички) - Да ги усредоточиме мислите кон мирот и кон тишината
Ете, гледате што правиме. Штом се занимаваме со лоши мисли, стануваме злобни самите по себе. Не вреди што ние се сметаме за добри ако во нас се задржува зло. А ние христијаните не смееме ниту да помислиме зло, а камоли да го претвориме во дело. Тоа значи дека немаме сили да се спротивставиме на тоа.