Чудотворната икона на Богородица, именувана „Сецарица‘‘. Се празнува 31 август
Самото име на иконата- Се Госпоѓа, Се-Владичица- говори за Нејзината посебена, сеопфатна сила. Пројавувајќи ја својата чудотворна сила најпрво против магиите, „Сецарица“ има и благодат да исцелува болни од рак- најстрашната болест на современото општество (и всушност ширењето на страста за магии, волшебништво и окултизам во христијанскиот свет може да се спореди со поразување на човечкиот организам со малигнен тумор).