Преподобен Јосиф Исихаст: Молитва, – тоа е постојана присилба над нашата природа
Чедо мое, ако внимаваш што ти пишувам, и ако си наложиш себеси подвиг ќе имаш голема полза. Сè што ти се случува, ти се случува бидејќи не се присилуваш на молитва. Значи, присили се! Постојано кажувај ја молитвата! Воопшто да не запре твојата уста! Ќе се навикнеш на неа внатре во себе, така што, потоа ќе ја преземе умот. Не се ослободувај во внимавањето над помислите, бидејќи ќе станеш млак и ќе се оскверниш. Молитва, тоа е постојана присилба над нашата природа. Практикувајќи ја, ќе видиш колку благодат ќе добиеш!