Чудотворната Литијска икона од манастирот Света Богородица Пречиста - Кичевска
Една од тие икони е и литиската, двострано сликана икона од 1642 година со претстави на Христос, од едната, и Богородица, од другата страна. Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан.