Старец Паисиј Светогорец: Заљубеноста во себе ја уништува љубовта кон ближниот
Денес речиси кај сите луѓе има себељубие, и нема дух на жртвување. Сега господари менталитетот: „само мене да не ми е лошо“. Знате колку е тешко да се гледа кон ближните! Неодамна, во болница, бев сведок на една таква ситуација: требаше да дигнат еден болен што лежеше, за да го преместат во друга соба; медицинскиот брат не се помрдна од местото, иако тоа беше негова работа. „Не можам, ме боли половината“ – рече тој рамнодушно!