Георгиј Глигоров - Параболата за богатиот и Лазар

Пророчки, Христос во Евангелието вели дека тие не би му поверувале ниту на човек, ако воскресне од мртвите. И навистина, знаеме дека така и се случило, бидејќи Христос го зборувал ова откако го воскреснал од мртвите синот на вдовицата од Наин.Освен тоа, тој пред време знаел дека Неговата смрт на Крстот и Неговото Воскресение нема да ги убедат сите.


















Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува.




Вистината на земјата ја донесе Светиот Дух, кој ги исполни апостолите на денот на Педесетницата. Оттогаш тој престојува на земјата. Негови спроводители се устите на Божјите свештеници. Ако некој од нив ја затвори својата уста, патот кон вистината ќе се затвори кон верниците, чии што души го чекаат.




























