Овој преблажен маченик Христов од младоста израсна како лоза доброплодна, која со духовна сладост ги напојува сите, а разумот му процвета како благомирисен крин, кој со љубов ги влече сите кон Христовата вера. Украсен со извонредната добрина Христова, со убавината на лицето ..
Поука на денот: Митрополит Лимасолски Атанасиј
Бидете многу внимателни, бидејќи помислата е моќна. Нејзината сила е слична на ефектот на инјекцијата. А самата помисла можеме да ја споредиме со шприц. Каков вид на шприц? Тенок. Дали тој ни предизвикува болка? Минимална.Низ минијатурната дупка иглата влегува во вената, едвај ние и да ја почувствуваме: само моментот на убод од иглата го чувствуваме како убод на ситен инсект.







Ние сме овде на земјата како во некаков вид на епитимија. Да не се чудиме што постојано се наоѓаме во некаква неволја. Сите постојано грешиме - се лизгаме и паѓаме. Всушност, се вплеткуваме во демонските стапици. Светителите постојано истакнуваат: битно е секогаш повторно да стануваме и да го продолжуваме патот кон Бога.
На 8.11.2022 година, кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата божествена Литургија во манастирот „Св. вмч. Димитриј Солунски“ – Марков манастир. Во ипоѓакон беше ракопроизведен чтецот Стево Миланов.
Лазар Личеноски се вбројува меѓу основоположниците на македонското современо сликарство. Неговото сликарство го одразува нашето поднебје, преку колоритот и најпознатите негови пејзажи на афиони, галички бачила, Охрид и многу други. Личеноски е еден од втемелувачите на ликовниот живот кај нас. Неговиот талент, творечки опус и спомен-куќата како културен објект ги поврзавме со нашите роденденски активности.
Јас сум акушер-хирург гинеколог и речиси две децении живеев мирно и во изобилство.Нo, од 1999 година мојот живот доби друг тек.
Нека остане само односот „Христос и јас“ и околу оваа оска нека го гради својот живот. Затоа што од овој избор не зависи само нашата сегашност, но пред се учеството на нашата душа во задгробниот живот. Прашањето за спасението е длабоко лично и вреди да му се посвети енергија и време. Затоа, да ги оставиме примамливите заблуди на астрологијата и да се држиме цврсто со двете раце за облеката Христова.

Чувствувам дека токму тоа го направил свети Нектариј Егински. Со други зборови, начинот на кој тој реагирал не само на критиките, туку и на клеветите, т.е. на патолошката и болна форма на „критика”, бил таков што успеал да преобрази една очигледна неправда во благослов и извор на осветување.
Ја слушаш дијагнозата и го губиш тлото под нозе. Тоа е моментот во вашиот живот кога се соочуваш со смртта не како нешто далечно и туѓо, туку како настан што го допира твојот здив. Тоа е моментот кога стоиш и гледаш на твојот живот како на еден измислен настан. Имено,тогаш мислиш дека ракот е просто само една фарса. Дали навистина сум болен од рак?
О, Божји угодниче Свети Димитриј мироточив Солунски Чудотворец, моли Го Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител за нас грешните и неблагодарни луѓе, за здравје и спасение на душите наши. Да ни дарува Христос Бог, духовна мудрост, просветен ум и разум, срце храбро и чисто да создаде во нас и вистинскиот дух да го обнови во нас. По твоите молитви, Бог да го ублажи Својот праведен гнев, па по Својата милост и човекољубие, да ни ги прости сите наши гревови,
Сè има свој почеток, вклучувајќи го и гревот. Доволно е да го направите првиот чекор, а потоа, сè се движи како на тобоган - побрзо и побрзо. Понекогаш свесно грешиме „малку“, „умерено“, „пријатно“, а потоа се впуштаме во она што е безгранично страшно. Но, Бог нè создаде како слободни и затоа имаме право да правиме што сакаме, вклучително и да грешиме. И тука е чудната работа! - ова право го користиме најчесто.
Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“.
Можеме ли да претпоставиме дека одреден вид нотација може да открие нешто за нас? Верувам дека позитивниот одговор на ова прашање не е без причина.

























