Православната Црква како изворна и историска Црква, има потреба од знаење на нејзиното предание
Верата го надминува и предводи знаењето. Но таа е неразделна од знаењето. Верата и знаењето – практиката и теоријата сопостојат во животот на историското црковно предание. Кога велиме знаење, го подразбираме знаењето како опис на благодатната теологија и историското предание на црковната заедница. А не рационализација на верата. Оваа суштинска разлика бара исклучително внимание бидејќи овде настанува забуната.