Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – VI дел
Ви признавам дека сум сретнал религиозни, благочестиви луѓе, кои стануваа полоши и од демони, кога некој од семејството ќе решеше да напредува во духовниот живот. Сум гледал и луѓе далеку од Бога, кој ги примаа проблемите и изборот на своите деца со благородност и достоинство. Си велиш дека човек навистина може да оди во црква долги години, да остари на столицата во храмот а сепак да нема ништо во себе си што ќе потсетува на Евангелието и на Црквата.