† АКАТИСТ ВО ПЕТОК ОД ЧЕТВРТА СЕДМИЦА НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ, Кичево
Денеска ја отслуживме четвртата статија од Акатистот на Мајката Божја. Природно се поставува прашањето каква поука и надградување треба да извлечеме од оваа служба. Како прво, ние сме должни да ја почитуваме, величаме и усрдно да ѝ благодариме на Пресвета Богородица за нејзините големи добрини.