Зошто страдаме? – старец Георгиј Капсанис
Секако, не по благоволението Божјо! Но по Неговото допуштањем кога човекот заради својата егоистична непослушност се нашол далеку од Изворот на Животот и од својот Создател. Губејќи ја радоста и безболезноста на постоењето во Царството Божјо, човекот се нашол во друга состојба: вистинскиот Живот се заменил со живот, подложен на распадливост, покриен од тешките облаци на смртта, гревот и страстите, кои не пропуштаат светлина.