Св. Климент Охридски: Слово за Велики Четврток
Браќа, денес го слушнавте евангелистот како раскажува за Христовите страдања што нашиот Создател и Бог ги претрпе за нас. Како да не затрепери срцето, кога слуша дека Бог претрпел такви страдања поради Своето големо човекољубие? Или кој нема да се ужасне слушајќи за такви страшни чудеса? Кога сонцето Го виде како е распнуван, својата светлина ја претвори во темнина