о.Сашко Николоски: БЕСЕДА - Недела четврта по Педесетница
Нема сомнеж, драги браќа и сестри, Господ ја открива пред Евреите силната вера на стотникот. Во неа има скромност и смирение. Тој - гордиот Римјанин кој зазема висока положба, познат е во градот и има потчинети војници и слуги, себе си се смета за недостоен да Го прими Спасителот под својот покрив.