Кој сака да биде христијанин, треба најпрвин да стане поет - Св. Порфириј Кавсокаливит
Треба да сочувствуваш, да љубиш и да сочувствуваш. Да сочувствуваш со оној што го љубиш. Љубовта се труди за љубената личност. По цела ноќ трча, бдее, сѐ додека не ги раскрвари нозете само да се сретне со љубената личност. Поднесува жртви. Ништо не зема во обѕир, ни закани ни тешкотии, а сé во името на љубовта.