Христос помеѓу нас. Може ли да ми кажите за монашкиот живот и за монахот?
Монаштвото во Православната Црква се појавува во 4 век, точно кога се пореметува тишината во секојдневното христијанско битисување. Православието во тогашните граници на Римската Империја ја добива својата слобода, но, станува заштитено и од државата, па како такво кон него пристапуваат и граѓанските слоеви, а и мноштво дотогашни припадници на незнабожечките религии.