Архимандрит Андреј Конанос: Исусовата молитва е љубовно искуство (втор дел)
Кажувајќи, сепак, Господи – овој збор ја потцртува Божјата трансцендентност, недостижност, вечност и бескрајност – до неа поставуваш едно човечко име, име на човек, на Исус, велиш Исусе Христе. Односно во тој миг потцртуваме и се трудиме да ги разбереме двете природи на Христос – Божествена и човечка и признаваме дека Исус е Господ, дека Христос е Бог, Тој недостижен Бог, Кого дури и ангелите не можат да Го разберат. Тој Бог станува достапен, материјален, можеш да Го допреш, да Го видиш,