Архимандрит Рафаил Карелин: ЗА ГРЕВОТ НА ПРАЗНОСЛОВИЕТО И МНОГУГОВОРЛИВОСТА
Многумина од нас не умеат да го ислушаат својот соговорник: го прекратуваат, не му дозволуваат да ја искаже својата мисла. Исто така, не смее да се зборува кога сме под влијание на гневот или на другите страсти. За сето она што ќе го кажеме во состојба на гнев, подоцна горко ќе зажалиме. Најнапред, потребно е да се успокоиме.