Архимандрит Андреј Конанос:Покајанието – слатка тага на душата (III дел)
Ќе дојде часот, дај Боже да биде сега, кога ќе потече солзата на покајанието од нашите очи и ќе Му речеме на Бога: „Господи, како можев да зборувам така, како можев така да ги повредам другите, какви се тие нешта што излегуваат од мојата уста!? Не, воопшто не пазам на навредливите или лоши зборови – јас едноставно така си комуницирам со другите. Цело време навредувам, ироничен сум, не почитувам – што е тоа што излегува од мојата уста?