Лек и голема тајна на детскиот напредок е скромноста. Довербата во Бога дава потполна сигурност. Бог е сè. Никој од луѓето за себе не може да рече: јас сум сè. Тоа само би го заврстило егоизмот. Бог од нас бара да ги водиме децата по патот на смирението. Ниту ние, ниту децата нема да сториме ништо без смирение.
На 13.11.2016 година Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Троица во Маџир Маало, а по повод една година од неговото осветување. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов Радован Цековски.
Духовниот живот – растот на човековата личност во благодатта – секогаш е свесен, бидејќи несвесноста е обележје на гревот, “спиење на душата“. Затоа човек треба постојано да биде во будна состојба, да се однесува како син на светлината – да живееме како деца на светлината (Ефес. 5,9), според зборовите на апостол Павле: стани ти што спиеш, и воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли.
Пoдгoтвeнo срцe значи oчистeнo срцe oд гoрдoста и смирeнo прeд вeличиeтo на силата и мудрoста Бoжја. Пoдгoтвeнo срцe значи испразнeтo срцe oд ситe жeлби и свeтски мeчтаeња и испoлнeтo eдинствeнo сo стрeмeж кoн Бoга и љубoв кoн Бoга. Пoдгoтвeнo срцe значи излeкуванo oд ситe
нeспoкoјства, грижи и страв, и смирeнo и oхрабрeнo сo присуствo на благoдатта Бoжја.
Оној кој нема молитва чиста од помисли, нема оружје за одбрана. Зборувам за молитвата што постојано дејствува во внатрешноста на душата, за молитвата во која со повикување на Христос се поразува и се спалува непријателот кој тајно војува.
Оваа појава е најзабележителна во земјоделската општина во Раџастан, која е најголема сојузна држава на западна Индија, каде се забележува значителен пораст на христијанското население. Во една од локалните цркви доаѓаат околу 2 илјади парохјани за да учествуваат на неделните служби. Иако народот доаѓа во црква, на членовите на семејствата им се паѓа да одат во црква во различни периоди од денот,
Македонската Православна Младина на Австралија (MOYA) оваа година бележи 10 години од нејзиното постоење.
По тој повод, во сабота, на 19ти ноември, православните млади од организацијата организираа прослава, на којашто почесен гостин ќе биде игумен Гаврил Галев, како најзаслужен за самото опстојување и сите успеси на групатa.
Кoга свeштeнo лицe извршува бeззакoниe, нeгo гo пoстигнува мнoгу пoтeшка казна oткoлку кoга таквo бeззакoниe извршува oбичeн мирјанин, кoј e пoмалку упатeн вo тајнитe на вoлјата Бoжја. Св. Арeта бил мoнах вo Пeчeрскиoт манастир и бил мнoгу срeбрoљубив. Вo нeгoвата кeлија имал натрупанo бoгатствo oд кoe на никoгo нe му давал ниту eдна лeпта.
„Господ ќе излее слово и мудрост од нив..., и мнозина ќе го фалат нивното знаење. За векови тоа нема да биде уништено и нема да отстапи од нив, и нивното име ќе живее од поколение во поколение. Народите ќе раскажуваат за нивната мудрост, а Црквата ќе објавува за нив похвала (Извадок од пофалното слово на Св. Климент Охридски за Свв. Кирил и Методиј, преславните учители на словенскиот народ, според Книгата Мудрост Сирахова).
Светата православна црква е болница, во која се лечиме сите од нашите страсти и гревови, но истовремено таа е и фабрика за светители. Според континуитетот и бројот на „произведени“ светители се гледа колку е жива, развиена и здрава една црква. Светоста не е одредена само за монасите или свештенослужителите, туку секој од нас е повикан кон светост, или поточно, кон единство со Бога и со ближните...
Вистината на земјата ја донесе Светиот Дух, кој ги исполни апостолите на денот на Педесетницата. Оттогаш тој престојува на земјата. Негови спроводители се устите на Божјите свештеници. Ако некој од нив ја затвори својата уста, патот кон вистината ќе се затвори кон верниците, чии што души го чекаат.
Премногу рано почнавме да се радуваме на „возродувањето на верата“ и премногу брзо заборавивме, дека погрешната вера e полоша и од безверието, и дека Христос не го распнале атеисти.
Смислата на верата – е во внатрешното преобразување на човекот, а ако нема таква цел, тогаш верата за брзо станува фанатизам и лицемерие, или само ритуал, кој е потребен да се убеди човекот, дека е „духовен“ и „верник“.
На територијата на Западен Балкан неопходен е Центар кој ќе се занимава со асиметричните закани. На пример потребен е контратерористички Центар на Балканот кој ќе ги контролира сите активности на милитантните борци кои земаат учество во глобалниот џихад во Сирија, кои потоа се враќаат на Балканот со цел да регрутираат лица и пак се враќаат на боиштето
Си беше еден човек познат по својата смиреност и љубов према сé на светот. Секоја работа што ќе ја започнеше, му успеваше одлично. Сите го почитуваа и често доаѓаа кај него за совет.
Еднаш кај него дојде еден сосед кој му љубомореше за сé и кој беше препотентен и горделив.
Среде овие релативно топли есенски денови, невообичаени за доцна есен, Рајчичката света Обител е во екот на интензивно градење, како резултат на зголемените потреби на сестринството во последните неколку години. Но за да се постигне ова, Обителта мораше да помине низ еден подолг период на подготовки со купување на земјиште и создавање на услови за денешното проширување. Затоа радоста на сестринството е неизмерна,
Обрнете внимание, дека Светото Писмо започнува со повеста за создавањето на светот од Словото Божјо. Очигледно, тоа е многу важен текст, штом со него започнува Библијата. Зошто тој може да биде значаен? Станува збор за тоа, дека таа не е само расказ за тоа, како бил направен светот. Главната вест, која ни ја носи Библијата – е веста за спасението.
Црквата, според својата структура, е богочовечки организам, кој е складен само тогаш кога сите негови служби и дарови се во меѓусебна согласност. Затоа и апостолот Павле вели: „И не може окото да и рече на раката: Не си ми потребна, ниту, пак, главата на нозете: Не сте ми потребни... за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за други (1Кор. 12, 21-25).
"Богородице, Мајко на светлината што не заоѓа, спаси ги оние што се надеваат на Тебе, се молиме умоли Го со Твоите молитви предобриот Бог да ги упокои сега и одвека преселените каде што почиваат духовите на праведните, Сенепорочна, покажи ги наследници на божетвените блага во дворовите на праведните и во вечен спомен".
Замисли колку му е потребен покој на починатиот и колку му се потребни молитвите на живите за него, бидејќи е член на едното тело на Црквата, како демоните спорат со ангелите за неговата душа и како трепери таа, бидејќи не знае каков вечен удел ќе добие.
Многу значи пред Владиката молитвата со вера и љубов за починатиот.