Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Новата Година нè учи да му благодариме на Господа за секој ден од животот кој преку покајанието може да стане ден на спасението. Годината – тоа е затворен круг од време, но на духовен начин може да се претстави како лествица, скалила кои се возвишуваат нагоре и се спуштаат надолу – во населбите на вечниот свет и во темнината на подземјето, во зависност од нашата вера и дела.