Tагата не смее да биде посилна од верата и надежта
Наспроти нашата немоќ, гревовност и ништожност, стојат бесконечната благост и семоќното Божјо милосрдие. Бог ни дал да се бориме против мрзливоста со нешто, што Он во нас веќе го има создадено. Ако умееме да ја победиме мрзливоста и ако неуморно се трудиме за да ги здобиеме овоземните добра и привилегии, зошто не би можеле да се поттикнеме себеси и на подвизи заради Царството Небесно?