СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ, братот Господов по тело
Свети Јаков беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пречиста Дева. Од својата младост го беше засакал строгиот живот и никогаш не јадел маст ни зејтин, ниту употребувал разни јадења. Живеел само на леб и вода. Исто така никогаш не пиел ни вино, ниту некаков друг пијалок.