,,Ние немаме толку голема Црква на Велигден да го собереме целиот народ, но имаме срце и душа полна со љубов и на секого му подаваме рака и секој е добредојден во нашиот храм.Моите очи блескаат од радост бидејки видов луге со сила и мок ,луге со вера во своите срца,кои патувале и по 300 км.само за да бидат со своите Македонци на овој светол празник.
Во предвечерието на најголемиот Христијански празник – Воскресение Христово, во Тетовско-гостиварска епархија пристигна благодатниот оган кој по божјата милост секоја година на чудотворен начин слегува во црквата изградена врз Христовиот гроб во Ерусалим. Благодарение на Неговото Високо Преподобие, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, веќе неколку години наназад благодатниот оган се носи во Македонија,...
За време на своето дваесетгодишно искуство, Конеска има насликано околу 700 икони и 300 фрески. Повеќето од иконите се во приватна сопственост во нашата земја, но и во странство
Тоа е нашата вера. Натаму треба да чекориме. Христос е рајот, деца мои. Што е рајот? Христос е рајот. Рајот започнува тука. Тие, кои уште тука на земјата, живеат во Христос, тие живеат исто како во рајот. Така е, како што ви велам. Вистина е тоа, верувајте ми! Наша работа е да се стремиме да најдеме некаков начин да влеземе во Христовата светлина, а не формално да запазуваме некакви правила.
Во Великата сабота го совршуваме Погребението на Божественото Тело и слегувањето во адот на Господа и Спасителот наш, Исус Христос, со кој го обнови родот човечки од распадливост и го преведе во живот вечен. Затоа, со Своето неискажливо снисходење, Христе Боже наш, смилувај се над нас. Амин.
"И секој христијанин, живеејќи во Црквата и учествувајќи во светите тајни и во подвигот на љубовта, ја надминува смртта и уште отсега, уште овде почнува да го живее Воскресението"
Страдањата и Крстот Христови не се принесуваат само за човекоцентрични сентиментални мисли, туку за движење на преродување, обновување, прославување и обожување. Потребен е личен егзистенцијален пристап кон овие големи Господови настани. Светиот Максим Исповедник ќе каже дека имаме две можности: едната е повторно да Го распнеме Христа, вршејќи гревови со нашите членови кои со Светото Крштение...
Ќе дојдат времиња во кои само оние што активно го искусуваат дејството на благодатта ќе бидат способни да го разликуваат доброто од злото. Луѓето нема да бидат способни да изберат меѓу доброто и злото служејќи се само со својот човечки разум. Ќе има вешти прелести и измами, и само благодатта Божја ќе може да нѐ спаси од сето тоа. Затоа, моли се – моли се за да не паднеш во искушението на прелеста!
„Тажен собир. Печална глетка. Пред нас – мртовец, и тоа необичен мртовец.
Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творецот на сета вселена.
За нас умре Тој. Ние згрешивме, а Тој страдаше.“
Тажен собир. Печална глетка. Пред нас – мртовец, и тоа необичен мртовец. Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творецот на сета вселена. За нас умре Тој. Ние згрешивме, а Тој страдаше.
Во царството Твое, спомни не, Господи, кога ќе дојдеш во царството Твое. Блажени се бедните по дух, зашто е нивно Царството небесно.
Блажение се тие што плачат, зашто ќе се утешат.
Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов. Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата, уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов...
На 07.04.2015 г, кога го празнуваме Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско-Гостиварскиот Јосиф и Кумановско-Осоговскиот Јосиф, и епископот Хераклејски Климент, заедно со свештенослужителиот од истиот храм, отслужи божествена Литургија, на која го објави чудото кое се случило со иконата на св. Никодим Прилепски.
Гoспoд сo свoeтo страдањe ги oлeснил нашитe страдања. Oн прeтрпeл најгoлeми маки и излeгoл какo пoбeдник; затoа Oн мoжe да нè oхрабрува вo нашeтo малo страдањe. Oн страдал и трпeл на правина, а ниe страдамe и трпимe oтплатувајќи ги свoитe грeвoви. Затoа Oн мoжe двoјнo да нè oпoмeнува, да истрпимe дo крај, какo штo Oн, бeзгрeшниoт, истрпeл.
Ако забележиш дека стануваш нетрпелив и раздразлив, малку олесни си го својот товар. Ако се роди во тебе желба со презир да гледаш на другите, да ги укоруваш, поучуваш или да даваш забелешки, на погрешен пат си:
оној којшто се одрекува од себе, нема што да му приговара на другиот.
... И навистина сo искуствo дoзнаа дeка христијанската благoчeстива наука нe e вo испрeплeтeни збoрoви на мудрувањe, туку вo јавувањeтo на духoт и силата (1. Кoр. 2:4)
Семинар во Трескавец 1982 година, на сликата во центар е архиеп. Ангелариј, протоереј Методиј Гогов (архиепископ МИхаил), мислам дека лево е о. Владимир Санџаковски, а во позадина во профиле сликан св. Гаврил Светогорец, еп. Велички. На овој семинар мислам дека е крстен еден сегашен српски владика.
Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро. Оној кој зборува против молитвата,...
На 07/08 Април со почеток од 17:30 часот во трговскиот центар City Mall, во оганизација на Група на здруженија за РЕТКИ БОЛЕСТИ, ќе се одржи Велигденски Базар, со цел подигнување на јавната свест за ретките болести. Ве покануваме да ни се придружите, да ја реализираме нашата замисла.