ХРАМОТ КАКО ДОМ БОЖЈИ
Некогаш праотецот Јаков го нарекол „Дом Божји“ местото, каде што Бог им се јавил. Тој посебно го одбележал тоа место, подигнувајќи камен и прелевајќи го со елеј. Мојсеј според Божјите упатства подигнал скинија – храм од платно, во која пребивала Божјата слава (2.Мој. 25, 8). Подоцна пак, Соломон Му изградил на Бога величествен храм. За време на осветувањето на тој храм, Божјата светлина го исполнила домот Господов (3.Цар. 8,11). Самиот Господ Исус Христос го посетувал ерусалимскиот храм и покажувал голема ревност кон него (Јн. 2, 17ч Пс. 68, 9).