ЗАБРЗУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО - Георгиј Фечору
Некогаш луѓето се движеле бавно, посмирено го работеле сето она што требало да го сработат во текот на денот, во сите денови на својот живот. Денот го започнувале со утринска молитва и го завршувале со вечерна молитва; За време на трпезата го изговарале „Оче наш“ и не пристапувале кон ништо, а претходно да не се осенат со знамението на Светиот Крст.