Од отец Александар Шмеман до преподобниот Порфириј Кавсокаливит
Човекот е создаден за радост и блаженство на царството Божјо (Мт. 25:21). Првенствено Божјиот план за создавање на човекот не содржел болка, страдање и смрт, туку екстатичност и полнота на животот. Бог слободно и со љубов избира да му даде на човекот и на целото создание учество по благодат во