ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ - ТИТ КОЛИАНДЕР(2)
Сега кога го знаеме местото каде ќе се води борбата која штотуку ја започнавме, што е нашата цел и каде таа се наоѓа, разбираме и зошто оваа борба се нарекува невидлива. Таа се одвива во срцето, во тишина, длабоко во нас; и тука наидуваме на уште една многу важна работа, на која светите отци постојано укажуваат: твоите усни нека се запечатат со оваа тајна!