Митрополит Нектариј Арголидски: Зилотски тоталитаризам
Во текот на овие месеци, после појавата на Ковид-19, сите ние преживуваме една трагична состојба, со сериозни последици – економски, социјални, психолошки и, најглавно, здравствени. Луѓе се болни, едни полесно, други посериозно, трети се во опасност, четврти завршуваат на начин кој не би му го посакал ни на враг. За жал, многумина не ја сфаќаат ситуацијата сериозно. Некој би очекувал од „духовните“ луѓе, особено од клириците, да се држат до еден поодговорен став.