УТРО 13/01/2021
Се роди во окото твое
Младенец на Кого се радуваме,
ја исполни душата твоја
радоста на Богородителката.
Ти пак света невесто Христова
срце, срце неуморно
за Него катаден припремаше
Се роди во окото твое
Младенец на Кого се радуваме,
ја исполни душата твоја
радоста на Богородителката.
Ти пак света невесто Христова
срце, срце неуморно
за Него катаден припремаше
Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро,
од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства,
една врвна убавина што ги разубавува и двата света,
која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.
Еве, ви соопштувам голема радост,
која ќе биде за сите луѓе;
зашто денеска, во градот Давидов,
ни се роди Спасител, Кој е Христос Господ…
На Божик света Божествена Литургија, во Полошкиот манастир на Тиквешкото езеро,
посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.
Литургијата ја отслужи свештеник Александар Попов.
Човекот, како Божјо создание, нема друга причина за своето постоење освен – светоста! Светоста е и целта и смислата на човековиот живот. Но светоста, не е некоја апстрактна и безлична идеја, не е некаква етичка категорија. Светоста е суштински начин на постоење, постоење во нашата природна состојба; тоа е остварување на една зададеност, која се дефинира како богоподобност.
Исто така не гледај на убавината на печатените букви во книгата, туку гледај на духот во книгата, бидејќи во спротивно ќе го понижиме духот, а ќе го возвишиме телото, бидејќи буквите се телото, а содржината на книгата нејзиниот дух. Не се залажувај со мелоличниот звук на инструментот или на гласот, туку спрема впечатокот кој го остава на душата или спрема нивните зборови процени какви се;
"За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.
Авторот на овој фрескопис до ден денес останал непознат, но се смета дека потекнува од охридската школа.
Вие сте се распнале за светот и светот се распнал за вас: оттргнете се од сѐ што е земно и издигнувајте се кон небесното живеење; живејте само за Бога, а бидете како умрени за сѐ друго. Таму е вашата вера, таму ќе бидат свртени и вашите очи; она со што сте запленети, таму ќе биде и срцето ваше, како што рекол и нашиот Господ: „Каде е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј 6, 21). Гледате ли со какви блага сте се удостоиле и со каков возвишен живот? Тоа е вистински ангелски живот.
Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на вера поврзана со дела.
Истото важи за нас денес. Треба да го освестиме своето духовно слепило, треба да веруваме дека Богочовекот Исус Христос може да нè исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме на дело – со што почесто призивање на името Негово, без да дозволиме некој или нешто да нè попречува.
Во името на Исуса Христа, брате мој, ние немаме никакво право пред својот брат. И должни сме со љубов да преминеме преку незадоволството и да го проголтаме.
И така, никој да не го прашува својот ближен ’зошто не ме сакаш?’,
а самиот нека го нагонува на љубов,
чинејќи го само она што е достојно за неа.
Живот согласно Евангелието, свет живот, божествен живот – тоа претставува природен и нормален живот за христијаните. Бидејќи христијаните, согласно својот повик, се свети. Таа благовест и заповед е проникната низ целото Евангелие Христово. Да се стане свет, и со душата и со телото, тоа е нашиот повик (види: 1. Сол. 5, 22-23). Тоа не е чудо, туку норма, правило на верата, логика и природа на евангелската вера. Јасна е и прејасна заповедта на Светото Евенгелие:
Тајно лозје, откако Го израсна неораниот Грозд, Го носеше во прегратките како на гранки, и говореше: Ти си мојот Плод; Ти си мојот Живот, Ти си мојот Бог! Од Тебе дознав дека останувам она што бев и порано. Гледајќи дека печатот на Моето девство не е скршен, проповедам дека Ти си Словото Кое прими тело. Не го знам семето, а Те знам Тебе – Уништителот на распадливоста. Чиста сум, зашто Ти, откако мина низ мене, мојата утроба ја остави онаква каква што ја најде, гледајќи ја цела. Поради тоа, целото создание ликува со мене и ми вика: Радувај се Благодатна.
Нека годината којашто доаѓа биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, да биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест; нека биде и време на благодарност до здравствените работници, чија саможртва треба да биде за пример.
На сиот наш народ, овде во Татковината и насекаде по светот, им ги честитаме божикните празнувања, поздравувајќи ги со серадосниот поздрав:
– Х Р И С Т О С С Е Р О Д И !
Честито и од Бога благословено новото лето Господово!
Проблемите и искушенијата што ги имате во вашите животи нека станат ваши скалила кои се издигнуваат до Небесата. Како ќе се случи тоа? Кога преку искушенијата, ќе му се предадете на Бога, кога ќе се соочите со искушението како со можност за себепознание и грижа за добродетелите.
Проблемите и искушенијата не се пријатни животни ситуации, но тие се неопходни.
Ако во нашите животи се се случува онака како што би посакале и како што планираме, порано или подоцна ќе паднеме во гордост,
"Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши. Живеејќи со него, таа го води за време на опасното туѓинување на земјата, на најпремудар начин. И кој може да се надева дека сам ќе го поправи своето срце? – Зарем во ова свето дело некој може да очекува успех од помошта на човек и неговите постапки?
Христијанската љубов, агапе, е над знаењето, т.е. таа е најголемо знаење, она што овозможува да бидете „лице в лице“ со Бог, слично со платоновото видување на идејата.
Меѓутоа, агапе е и љубов што подразбира приземност и избор, и во тоа е разликата во однос на хеленскиот ерос, што подразбира копнеж, страст, чезнеење. Агапе е љубов што поаѓа од Бог. Таа е excessus, прелевање, излевање. Платоновиот ерос, пак, е ascensus, качување, издигнување. Платонизмот подразбира еротско сознавање.
Има две главни причини зошто Црквата има толкаво почитување за Пресвета Богородица и секогаш Дева Марија. Прво – поради тоа што се покажала како најсвето човечко битие во историјата на човештвото до Христа и како таква се удостоила да Го прими Бога во својата пречиста утроба. Преку неа Бог неодвоиво и неразделно се сврзал со човекот и го остварил нашето спасение. Поминале толку човечки генерации, се родиле и живееле толку многу луѓе, но Бог чекал
Рождество на Спасителот директно говори Новиот Завет; тој догмат е неодвоив дел од црковното Предание. „...Кој се воплоти од Дух Свети и Дева Марија“ – се вели во Символот на верата. И тоа не е проста констатација на историски факт. Тоа е вероучително тврдење, исповедање на верата. Името „Приснодева“ формално е прифатено на Петтиот Вселенски Собор (553 г.). „Богородица“ е нешто повеќе од име или пофално величање. Тоа е догматска определба во еден збор.