Свети Јован Касијан Римјанин - Преглед на духовната борба
,Една работа е да се биде воздржлив, а друга е да се биде чист, да се постигне спокојна состојба на целомудрена непорочност и девствена невиност. Ваквата добродетел им се припишува само на девствениците и на девственичките по душа и по тело, за какви се сметаа, на пример, во Новиот завет свети Јован Крстител и свети евангелист Јован Богослов, а во Стариот – светите пророци Илија, Јеремија и Даниил.