Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Па така на Велика Сабота во 1101 година, во Храмот се собрале повеќе кардинали и огромен број на боскупи: тие останале цела ноќ будни во молитва, но залудно. Утрото, на Велигден, кога црковните врати се отворија за народот, Господ го испрати Благодатниот оган во рацете на Ерусалимскиот патријарх, кој ноќта ја помина со верниците во молитва пред влезот.
15 април – ВЕЛИК ВТОРНИК
– Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
Простено ни е, спасени сме, откупени сме. Христос воскресна! Овие зборови кажуваат сè: тие се основата на нашата вера, надеж и љубов; на нашиот христијански живот; на сета наша мудрост и просветеност; на Светата Црква, срдечната молитва, на севкупната иднина. Овие зборови ја уништуваат
Икос: Оној што држи сѐ, на крст се вознесе, и сета твар плаче, гледајќи Го како виси на дрвото; сонцето зраците свои ги скри, ѕвездите ја загубија светлината, а земјата со голем страв се затресе, и морето побегна, и камењата се распаднаа, многу гробови се отворија, и тела на свети луѓе станаа; адот долу стенка, а Јудеите се советуваат да го затајат Христовото воскресение;
Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Светата Црква учи дека Христовото искупително дело за спасението на човечкиот род, потполно и конечно се оствари преку Неговото тридневно воскресение. Сè што беше пророкувано и очекувано во Стариот Завет, кога се исполни времето[2], се оствари во Неговата личност и во Неговото дело:
Стихови за распнатиот со Христа разбојник:
Клучот на покајаниот разбојник ја отклучи рајската врата, кога рече:
Спомви си за мене (Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое).
Стихови на распнувањето:
О необлечен мртовецу и Слово на живиот Бог, Ти си, Боже, Кој живееш и на крстот си умртвен.
Стихови за распнатиот со Христа разбојник:
Клучот на покајаниот разбојник ја отклучи рајската врата, кога рече:
Спомни си за мене (Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое).
Глас 2: Луѓето злочестиви и беззакони, зошто коваат завера против Христа? Зошто Го осудија на смрт животот на сите? Навистина големо чудо, зашто Создателот на светот во рацете на беззаконици се предава и на крст се издигнува Човекољубецот, за да ги ослободи од адот заробените кои викаат: Долготрпелив Господи, слава Ти.
Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес! Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти” Богочовекот. Денес целото зло се вселило во телото на човекот, за да го истера Бога од таму. Денес целиот пекол се преселил на земјата. Дали некој се сеќава, дека земјата некогаш беше рај?
Да си замислиме дека веќе настапил страшниот Христов суд. Секој нека си ја испита сове-ста, нека замисли дека Судијата веќе дошол и дека се се открива и се постанува јавно. Па, ако веќе сега, додека уште не настапил денот на судот, туку едноставно сме се сетиле за него и само во мислите сме го доловиле, совеста е донесена во состојба на збунетост,
И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма твар сe пoкoлeба и застанала на свoј начин и на свoј јазик да прoтeстира. Нeмата зeмја сe трeсeла – тoа e нeјзиниoт јазик. Карпитe падналe – тoа e нивниoт јазик.
Зарем Христос нема да нè погледне така, со болка, со прекор, со кроткост и воедно со жалење? И тоа е целиот Суд! Како топлиот, најсветол поглед, полн со љубов и тага ќе биде страшен, болен за срцето, кое ја предало оваа љубов! Тогаш душата веднаш ќе се сети на сè - колку пати, каде и кога била предавник.
Ирмос: Крајната бездна гревовна ме обзеде и, не поднесувајќи ги повеќе брановите, како Јона Ти викам: Господи, од гнилежот изведи ме.
О ученици, вие ме именувате Господ и Учител! И навистина тоа сум, си викал, Спасителе. Затоа, подражавајте го примерот што во Мене го видовте.
Оној што нема скверна, нема потреба од миење на нозете. И вие, ученици, чисти сте, но не сите, зашто во
Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.
Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!
Гледајќи Те распнуван, Христе, сета твар трепереше, темелите на земјата се тресеа, светилата се скриваа, и црковната завеса се раздра, горите затреперија, и камењата се распаднаа, а верниот разбојник вика со нас: Спасителе, спомни си за нас во Царството Твое.
Господи, жената што беше падната во многу гревови, која го позна Твоето Божество,
кога го прими чинот на мироносица, пред погребението,
Ти принесе миро редејќи и говорејќи: Тешко мене, ноќта
СИНАКСАР
Стихови:
Една жена, излевајќи миро врз телото Христово,
Го испревари Никодима кој носеше смирна за Покојниот.