Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица –Скоропослушничка во „Рождество на Пресвета Богородица“, Скопска Црна Гора
На 5.4.2025 година – кога Православната Црква се наоѓа во предворјето на 5. Недела од Великиот пост, посветена на преподобната Марија Египетска – во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ – с. Побожје, Скопска Црна Гора, од светогорскиот манастир Дохијар, беше донесен препис од иконата на Пресвета Богородица – Скоропослушничка.