ГЛОБАЛИСТИЧКА МУСАКА- Календари - коледари
Секогаш кога ќе се почувствува ерупција во актуелната криза, или кризи, очајнички посегнуваме по некоја автодеструктивна онтолошка матрица: унијатството, богомилскиот дуализам, новокалендарството - како божем тие нешта магиски ќе ни ги решат проблемите. Но, што е под површината на таа маалска еуфорија, перверзната причина за ваквото реагирање?