НЕДЕЛА ВТОРА ОД СВЕТИОТ ПОСТ
Како ангел на земјата си се јавил, благовестејќи им ги на луѓето неискажливите Божји тајниː својот глас соединувајќи го со бесплотните хорови, ти нè вдахновуваш да ти пееме вакаː Радувај се ти, преку кого мракот се сокри! Радувај се ти, преку кого светлината се јави! Радувај се, ангелу на несоздаденото Божество! Радувај се ти, на создаденото и бесмисленото вистински изобличителу!