Преподобен авва Исаиј - Слово дваесет и седмо
Пази се внимателно и пази се како од страшна смрт, од загуба на твојата душа и од вечните маки. Пази се да не ја презреш својата душа и да се предадеш на гордост и славољубие: да посакуваш слава и чест, или пофалби од луѓето или да мислиш за себе си дека си нешто, дека си направил некоја голема добродетел, дека си подобар од другите. Пази се од срамна похот и бори се против најмалата телесна сласт. Одбегнувај да се запознаваш со