Тајната на Пресвета Троица - Втор дел
Со спасителното дело на Господ Исус Христос и со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на Педесетница, Црквата станала носителка на полнотата на богооткриената вистина за Бога. Но, требало да помине долго време додека таа вистина биде облечена во човечки зборови. Во прво време немало развиено богословско објаснување на христијанските богооткриени вистини, меѓу кои била и тајната на Света Троица.