Преподобен Пајсиј Светотогрец: Поедноставете го својот живот!
Неблагодарноста и лакомоста се големи зла. Оној кој владее со материјалните работи, со него владее напнатост, потиштеност и тегоба, затоа што час трепери да не му ги земат работите, а час да не му ја земат душата. Еден ден, дојде некој богат човек од Атина, и ми рече: „Оче, изгубив контакт со моите деца; ги изгубив децата“. „Колку деца имаш?“ го прашав.