Св. Тихон Задонски- НЕВИДЛИВАТА БОРБА НА ХРИСТИЈАНИНОТ
Како и во обичната војна, ѓаволот, пред сè, се грижи да ги погуби војсководците, т.е. пастирите на Црквата, за полесно да ги покори другите Христијани. Без добар и разумен пастир, луѓето се како залутани овци. Затоа непријателот на човековиот род подига злобни луѓе кон добриот пастир, за луѓето да го клеветат и да не ги примаат неговите поуки.