Старец Јустин (Петру Вода) - Поука (18.01.2017)
"Ме прашувате за беззаконијата на децата и младината, а каде нестанаа старците? Или мислите дека сите стари лица водат ист живот како старците од селото Петру Вода? Што тука да се раскажува! Ми раскажуваше еден верник од Дорна, мој врсник, дека речиси сите негови соседи, веќе стари луѓе, деноноќно со отворени усти седат пред телевизорот, па дури и јадат и пијат, паѓаат во искушение поради она што го видоа,






Ни една (вистинска) љубов нема да отиде залудно. Нема промашувања во љубовта. Ако енергијата искреное испратена од нашето битие, а и ако не е примена од страна на оној на кого му е пратена, ќе ја прими Бог и ќе награди и повеќе отколку што мислиме.




Она што му го јавувал ангелот, младиот пророк го пророкувал. Викал кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници. Петстотини години пред Христа јасно го прорекол јавувањето на Свети Јован Крстител. Но главно тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се престави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.





Тварта ја преобрази, вселената ја преуреди!Со збор од устата Своја ја порази земјата и беше над законите на природата, и водата му се покори, и демоните од Него затрепериа, и Сонцето и Месечината неможејќи да ја гледаат убавината Негова се помрачија, во денот на жалната радост.Сѐ, ама баш сѐ, Му се покори на Неговото величие.




























