логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 30nedeped2017 1

На 15.01.2017 година, во Триесеттата недела по Педесетница, и на празникот на Сивестер папа Римски и светиот Серафим Саровски, во храмот „Св. Климент Охридски“ во Канбера, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Радојчо Митрев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

30nedeped2017 2

 Митрополит Тимотеј 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.Драги браќа и сестри,Во денешното Евангелско четиво, прочитано на светата Литургија, го слушнавме разговорот на еден богат млад човек со Господа Исуса Христа. Овој настан се случува на последното одење на Господа Христа кон Ерусалим, пред Неговото страдање. Христос, на тој пат, ги благословува децата и ги положува Своите безгрешни раце врз нивните глави. На народот кој Го следел му вели: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно" (Мт. 18, 3). Во тој момент, еден младич Го запрашува Господа Христа, што треба да направи за да спечали вечен живот? Спасителот му одговара дека треба да ги држи Божјите заповеди и да живее според нив. Овој млад човек одговорил дека сето тоа од младини го запазувал, но, што е уште потребно? Имајќи во предвид дека Израилскиот народ, живеејќи формален живот на исполнување на закони и прописи, како што ги нарекува Евангелието, фарисеи и садукеи, кои се презентирале пред народот како исполнувачи на Законот Мојсеев, но само формално, без да ја исполнат самата суштина, така, и овој младич, како некој фарисеј, постел, одел во Синагогата, давал десеток и други прописи исполнувал, но сепак чувствувал дека сето тоа не е доволно за да се здобие со вечен живот. Од таа причина, дополнително Го запрашува Христа, што уште е потребно да направи. Христос му одговара: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!" (Мт. 19, 21). Иако овој човек искажал желба за спасение на својата душа, му паднало жал да се одвои од своето богатство и го напуштил Христа. Христос ќе каже: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; и уште ви велам: полесно $ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо" (Мт. 19, 23-24).

Должни сме да појасниме дека нашата вера и учењето на светата Црква, не е против богатството и против трудот кој создава благосостојба на личноста, на семејството, на Црквата, допринесува на општеството итн. Напротив, Црквата од нас бара да се трудиме и да создаваме услови за пристоен живот. Богатството само по себе не е зло. Уште помалку, тоа не е грев. Нема да биде грев доколку истото правилно се користи и служи како средство за живеење, за ползување, но, и за правење на добри дела, а грев е само тогаш кога тоа ќе ни постане идол и цел во нашиот живот.


Во историјата на Црквата Христова, како во Стариот завет, така и во Новиот, имаме многубројни праведници и Божји угодници кои биле многу богати. Да се потсетиме само на царот Давид, на царот Соломон, и најкласичен пример ни е праведниот Јов, кој бил многу богат, со имот, со синови и ќерки, но, по Божјо допуштање, сè изгубил. Кога барале од него, неговата жена и неговите роднини, „навреди Го Бога па умри" (Јов 2, 9), тој, со трпение, набожност и со почит кон Бога ќе одговори: „Господ даде, Господ го зеде. Нека е благословено името Господово" (Јов, 1, 21). Заради таа негова одданост кон Бога, Бог го оздравува и повторно му ги враќа имотот и челадта. Исто така, имаме и многубројни Божји угодници и во Новозаветната црква. Луѓе, кои го посветиле својот живот и своето богатство на исправен начин. Тоа богатство не им било цел во нивниот живот, туку, средство за одење по Христа и правење добри дела. Да си спомнеме само за светите браќа Кирил и Методиј. Синови на богат војсководец во Солун, но, и самите биле богати. Самиот св. Методиј бил војсководец во Византиската империја а св. Кирил бил, пак, учен философ.

Покрај овие два антиподи, на богати и на неверници, постои и уште една, трета категорија, за која ни зборуваше и денешното Евангелие. Тоа се луѓе кои ја немаат изгубено целосно верата во Бога. Имаат обичај понекогаш и да дојдат в црква, да запалат свеќа, да ги крстат своите деца, да се венчаат, да ги испратат своите мили според црковен обред и други религиозни обреди да почитуваат. Такви денес има многумина. Но, тие се повеќе приврзани за нивните пари, слави, положби и не се подготвени од ништо да се откажат заради Христа и за верата. Тие се подготвени, доколку треба да ги запазат своите позиции, и од Христа и од Црквата да се откажат и да постанат придружници на Јуда, бидејќи богатството и положбата им се посвети и помили од спасението на нивната душа.

Да се поучиме од ова Евангелско четиво, независно од тоа колку сме богати, силни и на добра положба. Да научиме и да знаеме дека вечниот и блажен живот е поскапоцен и повреден од сите овоземни трулежни богатства и слави.Да се обратиме со искрена молитва кон Семилостивиот Бог и кон мајката Божја. Да ни го просветлат умот и срцето, па да ја засакаме верата, но не формално, не фарисејски, туку, онака, како што го бара од нас нашата света Црква и нејзиниот Основач Господ Исус Христос. Амин! 

30nedeped2017 3

30nedeped2017 4

30nedeped2017 5

30. недела по Педесетница
15.01.2017 год.
Храм „Св. Климент Охридски" – Канбера, Австралија

 30nedeped2017 7

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

« »

Православен календар

 

24/12/2025 - среда

Божикен пост; (строг пост)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец  25 декември/12 декември 2025

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 25 декември/12 декември 2025

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 24 декември/ 11 декември   2025

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 24 декември/ 11 декември 2025

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф  23 декември/10 декември  2025

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 23 декември/10 декември 2025

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная